Достапни линкови

Засилени мерки пред најавените протести во Пакистан


Пакистанските власти забранија јавни собири во две провинции во државата, а полицијата уапси неколку стотици политички активисти, ден пред планираните протести на пакистанските адвокати и на опозиционите приврзаници, што би можело да ја ,,разниша“ актуелната власт. Тие бараат повторно враќање на функцијата на поранешниот претседател на Врховниот суд, кој беше отпуштен од страна на поранешниот претседател Первез Мушараф во 2007-та година. Нивното барање го одби и сегашниот претседател Асиф Али Зардари. Слични протести беа организирани и во 2007-та година, по што беше прогласена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG