Достапни линкови

ООН со апел до Судан да не ги протерува хуманитарците


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун ја повика суданската влада да ја преразгледа одлуката за протерување на хуманитарните организации од Судан. До ова дојде откако Меѓународниот кривичен суд реши да издаде потерница по суданскиот претседател Омар ал Башир, осмничен за воени злосторства во регионот Дарфур. Во изјавата на Бан ки Мун се наведува дека со протерувањето на хуманитарците ќе биде прекината помошта за над четири ипол милиони луѓе во Дарфур.
XS
SM
MD
LG