Достапни линкови

Некои учлишта работат во посебни смени, или објекти но поради просторни проблеми, велат професорите


Воведувањето на етнички смени, што како намера се најавува за решавање на проблемот со нетрпеливоста меѓу учениците македонци и албанци од Струга, е состојба што не е карактеристична за другите мултиетнички средини, велат првите луѓе на средните училишта. Според состојбата на теренот, во Тетово нема етнички смени, но учениците од различна национална припадност учат во различни објекти, што засега исклучува поголеми меѓуетнички тензии. Првите луѓе на скопските гимназии Зефлуш Марку и Никола Карев пак, инсистираат на тоа дека етнички поделби нема ниту во Скопје. Учениците македонци и албанци од овие две училишта работат во посебни смени, но тоа е случај од поодамна и се работи за просторен проблем, бидејќи двете гимназии делат ист објект:

„Ние сме сеуште во една училишна зграда со Никола Карев и досега нема и верувам никогаш нема да има некакви проблеми.“

„Единствено Никола Карев и Зефљуш Марку работат во две различни смени, меѓутоа од самото постоење.“


Изјавуваат Митат Рамадани директор на гимназијата Зефљуш Марку и Горица Илиоска директор на Никола Карев. Инаку, сличен проблем пред извесно време имаше и со средното медицинско училиште во градот, а пред неколку години учениците македонци од гимнзијата Зефљуш Марку беа префрлени во сосема друг објект, но и во овој случај проблемот е поради просторот, додава Илиоска која воедно е претседател на Асоцијацијата на средношколски училишта:

„Поради се поголемиот број на ученици од албанска националност, учениците од македонска националност беа префлени во гимназијата ,,Здравко Цветковски.“

Стручната јавност пак последните случувања во Струга, што воопшто го наметнаа проблемот со повторна поделба на меѓуетнички план која започнува од образованието, ги поврзуваат со директни политички влијанија.

„Бидејќи на политичките партии им недостасува некоја креативност, сигурно им е многу полесно како аргументи да ги земат меѓуетничките односи или меѓуетничките разлики.“

изјавува аналитичарот Алберт Муслиу. Поради тоа просветните работници повикуваат на посебна внимателност со оваа чувствителна тема:

„Да се проучува проблемот. Доколку двајца-тројца ученици се расправаат меѓу себе тоа незначи дека се караат албанци и македонци.“

„Ние треба да ги сплотуваме меѓу себе, а не да ги одделуваме.“


велат Рамадани и Илиоска.
XS
SM
MD
LG