Достапни линкови

Македонија досега успешно ги надминуваше проблемите со соседите, но таа политика треба да се задржи


Освен регуларни избори, и меѓуетничка стабилност и развивањето на добри односи со соседите, се пораките што земјава постојано ги добива од Европската Унија. Последнато барање, регионалната соработка и развивање на добрососедските односи е несомнено еден од битните критериумите што ни ги испорачува Брисел на патот на нашите евроинтеграции, вели аналитичарот Васко Наумовски, чија оценка е дека Македонија успешно ги надминува проблемите кои се провлекуваат од минатото со нејзините соседи:

„Македонија во изминатите повеќе години демонстираше јасна воља за развој на добрососедски односи, а тука секако постоеа повеќе отворени прашања, со соседна Србија го имавме прашањето за признавање на црквата, со Бугарија признавањето на посебноста на народот и на јазикот и секако останува отвореното прашање за спрото со името со Република Грција.“

посочува Наумовски и додава дека градењето на добри односи со соседите, и потенцирањето на потребата од регионална соработка е битно и поради досегашното искуство од постапките на ЕУ, кое говори дека обично приемот на нови земји во европското семејство се случува во група. Но, без разлика Наумовски вели дека Унијата го цени и индивидуалниот напредок:

„Постојат повеќе толкувања дали е подобро да се влезе во група или не, секогаш ЕУ дури и да ги прифаќа во група земјите, секогаш се цени индивидуалниот напредок.“

Дека Македонија изминативе години, генерално има добри односи со соседите се согласува и професорот Јован Донев. Тој додава дека развивањето на добрососедски односи не е повразано само во насока на европските аспирации, туку и генерално е важно за развојот на една земја. На овој критериум можеби повеќе се обрнува внимание посебно по самитот на НАТО, односно околу спорот со името со Грција:

„Ние можеби имаме посериозни политички недоразбирања со соседна Грција, но добрососедски односи сигурно дека имаме. Ние имаме и потпишано и во него беа регулирани тие односи, а тој и токму затоа беше потпишан за да се развиваат добрососедските односи и соработката меѓу Македонија и Грција.“

Вели професор Донев. Сепак, стручната јавност додава дека таквите релациите треба да се оддржуваат преку воздржување од одредени провокации, на што се почесто укажува и Брисел.
XS
SM
MD
LG