Достапни линкови

Атина: Извршен напад врз полициска станица во Атина во кој нема жртви


Грчката полиција соопшти дека изутрината бил извршен напад врз една полицска станица во Атина, при што немало жртви. Прецизирано е дека врз зградата биле истрелани повеќе куршуми и фрлена една бомба. Се претпоставува дека нападот бил изведен од левичарската група Револуционерна борба. Инаку, и денеска во Пиреја дошло до судири меѓу полицијата и земјоделците кои протестираат поради ниските цени на нивните производи. Во вчерашните судири имаше неколкумина повредени.
XS
SM
MD
LG