Достапни линкови

Преку игнорантскиот однос само ја влошуваме ситуацијата, смета стручната јавност


Македонија треба сериозно да ги сфати препораките на Меѓународната кризна група и меѓународната заедница за побрзо решавање на спорот за името со Грција. Ова е оценката на стручната македонска јавност, по последните апели на меѓународните претставници во земјава дека не треба да се потценува тоа што е напишано во извештајот на МКГ. Игнорирајќи ги препораките од надвор, ја влошуваме и онака чувствителаната ситуација во која се наоѓаме, вели политичарот Тито Петковски:

„Ако отворено ги кажуваат претставниците на САД и на ЕУ во Македонија, дека не треба да се отфрлат, туку треба да се разберат како добронамерни и добри препораките, сугестиите, не треба да ги потцениме. Според тоа не треба ништо игнорантски да се отфрли, дека тоа до нас неможе да допре, дека ние си имаме цврст став и цврсто стоиме зад него.“

Со ваков став и поранешниот претсдател на Собранието, Стојан Андов. Неодговорно е ако се одмнесуваме незаинтересирано кон овие препораки. Најголем држевен интерес за Македонија е да ги проучи предлозите од МКГ, вели Андов.

„Тоа е сериозна сугестија и треба добро да се проучи овдека, да се изгради став, да се работи на тоа прашање и да се реши овој проблем.“



Едно се желбите на Меѓународната заедница, а друго фактичката ситуација во Македонија, анализира проф. Денко Малески.

„Последниов извештај на МКГ јас го гледам како еден список на желби, но тој нема допир со реалноста тука, во Македонија во моментот, затоа што македонската надворешна политка е тргната во една поинаква насока.“

Според Малески незаинтересираниот однос кон она што доаѓа од надвор, не и одговара на официјалната политика на земјава, оти тоа не води кон решавање на постоечкиот спор, туку само го продлабочува.

„Ми се чини и на подолг рок не и одговара бидејќи сме земале една насока на битка за идентитетот кој што го врзуваме за некој вид античка македонска митологија што според мене е копирање на грчкиот пристап кон историјата што не води пак во една конфротација.“

Од владата остануваат на ставот дека со преименувањата на коридорот 10 во Александар Македонски и градскиот стадион Филип Втори не е провокација, туку е изразување на идентитетот на еден народ. Препораките на МКГ не сакаат да ги коментираат.
XS
SM
MD
LG