Достапни линкови

Вашингтон и Кабул да најдат умерени членови на Талибанците за стабилност во Авганистан


Според американскиот амбасадор во Обединетите Нации, Зелмај Кализад, Вашингтон и Кабул треба да најдат умерени членови на талибанците за да се постигне стабилност во Авганистан. Соединетите држави во меѓувреме најавија дека планираат да испратат дополнителни меѓу 20 и 30 илјади војници во Авганистан. Станува ли збор за нова стратегија за Авганистан.

Американскиот амбасадор во Обединетите Нации, Зелмај Кализад порача вио интервју за Си Ен Ен дека треба да се најдат луѓе спремни за разговор меѓу талибанците. Но за да се направи тоа, како што вели Кализад, Авганистанската влада и коалицијата предводена од Американсците мора да бидат во многу посилна позиција. Авганистанскиот политички коментатор Акбар Вардак за Радио Слободна Европа изјави дека смета оти двете најави се координирана акција со намера талибанците да се вовлечат во преговори со разумни барања и очекувања. Според Вардак, талибанците, според некои медијски извештаи го напушатле бес компромисниот приод.

„Тие сега не бараат безусловно повлекување на странските сили. Тие бараат временска рамка за повлекување. Второ, тие сега бараат нивните борци, муџахедините да добијат место во авганистанската армија. Според мое мислење овие две барања се прифатливи за Авганистанската влада и за американците. Ако талибанците го признаат Уставот, апсолутно би бил отворен патот за преговори.“

Меѓутоа за посматрачите проблем за евентуални преговори е што талибанците не се унифицирана и кохерентна организација. Тие се поделени во повеке фракции и некогаш и со спротивни цели. На некои кои се поврзани со Ал Каеда примарна цел им е исламскиот џихад што за западот е неприфатливо е е проблем за преговори. Авганистанскиот политички коментатор Акбар Вардак вели дека важноста за обезбедување безбедна средина пред претседателските избори во 2009 во Авганистан е голем предизвик и шанса.

„Да ја погледнеме ситуацијата во регионот. Пакистан има проблеми со Индија и тоа може да ги пренасочи елементите кои ги подржуваат анти владините сили во Авганиста. Саудиска Арабија е под силен притисок да ја запре подршката на талибанците од приватни извори како и од делово на саудиската влада.“

Во Кабул аналитичарот Насрула Станказаи пак вели дека изминативе 30 години историја на борби во Авганистан покажале дека воено решение за Авганистан не е можно. Во држава полна со екстремизам и тероризам потребен е економски и социјален развој, смета Станказаи.
XS
SM
MD
LG