Достапни линкови

Акцијата за приведување на осомничените за убиството на припадникот на алфите без инциденти


Полицијската акција за приведување на осомничените за убиството на полицаецот од специјалната единица Алфи кое се случи минатиот месец беше изведена професионално вели портаприолот на министерството за внатрешни работи Иво Котевски

Во текот на таа акција која беше крајно професионално изведена од страна на над 200 службени лица не се случи никаков инцидент

Вчера партиите на македонските албанци ДУИ и ДПА реагираа за оваа акција. Лидерот на ДПА Тачи ја обвини власта дека со акциите врши геноцид и етничко чистење врз албанците. Реагираше и владниот колаицинен парнер ДУИ. Полициските акции не смеат да се претворат во механизам за дисциплинирање на албанците и тие се закана за меѓуетничките односи изјави портапролката Ермира Мехмети.
Експертите пак причините за ваквите реакции ги лоцираат и кај полицијата и кај политичките партии.
Според професорката на полициската академија и експерт за човекови права Мирјана Најчевска политичарите полициските акции ги преставуваат како пред се да се насочени кон одредена етничка група со што се подгрева состојбата. Но за тоа вели таа повод им дава полицијата која одкрај не ги спорведува потребните процедури

Полицијата најдобро може да се заштити од тоа да дојде на тапет заради некоја од овие причини, пред се со многу стриктно применување на законските одредби коишто се однесуваат на нејзината активност и на начинот на делување

Професорката прецизира дека полицијата мора приведувањето да го врши по претходна сериозна истрага со која ке обезбеди цврсти докази а не обратно да приведе повеке лица а потоа да ја врши истрагта

И професорот Назми Малики смета дека и полицијата има своја вина. Осврнувајки се на реакциите на албанските политички партии тој вели дека тие не се на ниво на обрските коишто ги имаат. Според Малики прво треба да ги искористат демократските механизми за контрола на акциите а потоа да даваат изјави во јавноста


Ова комуницирање со јавноста е повеќе манипулирање на јавноста за прибирање на одредени поени, ако можеме така да ги вреднуваме. Затоа што погрешната насока секако дека води и кон подигнување на тензиите, затоа што сите луѓе не се политички изградени да ги разерат акциите и реакциите на политичките партии

вели Малики и додава дека генерално без разлика на етничката припадност на инволвираати во полициските акции министерството за внатрешни работи остава впечаток дека ги води кампањаски.
XS
SM
MD
LG