Достапни линкови

Њујорк: Лажно писмо од градоначалникот на Париз во „Њујорк тајмс“


Њујорк тајмс потврди дека објавил лажно писмо од градоначалникот на Париз со критики за намерата на Каролина Кенеди, ќерка на убиениот американски претседател Џон Кенеди, да влезе во Сенатот на место на Хилари Клинтон, која е именувана за нов државен секретар. Во писмото што наводно го потпишал градоначалникот Бертран Деланоа се наведува дека обидот на Кенеди не е пример за американски демократски модел на кој му се восхитувале французите. Весникот признава дека не контактирал со градночалникот за да го потврди писмото.
XS
SM
MD
LG