Достапни линкови

logo-print

Брисел: Наскоро препорака за симнување на шенгенската визна бариера


Македонија постигна добар прогрес во исполнувањето на критериумите за визна либерализација, но се уште е рано да се каже кога тоа ќе се случи. Наскоро во Скопје доаѓа мисија на Европската Унија за да направи оценка на сработеното, по што Европската Комисија ќе треба да даде препорака за симнување на шенгенската визна бариера. Ова го истакна еврокомесарот за проширување Оли Рен на прес-конференцијата во Брисел по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Унијата. Тој повтори дека Македонија направила напредок во повеќе области - судството, полицијата, консолидацијата на мултиетничката демократија, импелементацијата на Охридскиот договор и Спогодбата за стабилизација и асоцијација, но оти клучен тест ќе бидат претстојните локални и претседателски избори. Мора да бидат спроведени фер и демократски избори според меѓународните стандарди, истакна Рен, поздравувајќи ги направените измени во Изборниот законик.
XS
SM
MD
LG