Достапни линкови

Приштина: 30 дневен притвор за тројцата германски државјани осомничени за подметнување бомба


Истражниот судија во Приштина одредил 30 дневен притвор за тројцата германски државјани кои се осомничени за подметнување бомба пред зградата на мисијата на Европската Унија во Приштина. Судските органи настојувале осомничените да се осудат за тероризам, за што максималната казна изнесува 20 години затвор. Косовските медиуми јавија дека тројцата осомничени работеле за германската служба за разузнавање. Во бомбашкиот напад на 14 ноември никој не беше повреден, а причинета беше голема материјална штета на зградата на мисијата на ЕУ.
XS
SM
MD
LG