Достапни линкови

Експертите без преголем оптимизам дека на седницата ќе се изгради единствен став


Според проценките предлогот на резолуцијата за името односно последната точка на собраниската седница која деновиве е во тек би требала да дојде на дневен ред наредната недела. Подносителот на резолуцијата претседателот на НСДП Тито Птековски вели дека на вчерашната средба со собранискиот спикер Трајко Вељановски му било ветено дека оваа собраниска седница нема да биде прекината пред да се расправа за името, а на дискусијата ќе зборуваат и претседателот и премиерот. Со ова всушност прв пат случувањата и процесот околу името ќе бидат дебатирани и во поширок круг за разлика од состојбата досега кога за името зборуваа само преставниците на државниот врв и лидерите на партиите на затворени средби. Петковски не стравува дека седницата би можела да се претвори во расправии меѓу пратениците од опозицијата и власта бидејки како што вели говорниците се претходно договорени:

„Значи ќе зборуваат само од ВМРО ДПМНЕ премиерот, и координаторот на пратеничката група од оваа партија, како и коориднаторот на пратеничката група на ДУИ, тоа е од парламентарното мнозинство. Од опозицијата пак, покрај мене, ќе зборува и координаторот на СДСМ, тука го исклучуваме претседателот на државата, и координаторот на пратеничката група од ДПА.“

И додека тој е уверен дека резултатот од собрансиката дискусија ке биде градење на заедничка држван стратегија аналитичарот Гунер Исмаил е воздржан околу очекувањата. Но сепак тој смета дека тоа е неопходно зошто како што вели досегашните раговори во двата затворени круга едниот на претседател другиот на премиерот не вродиле со плод:

„Се покажа дека тие ,,два затворени кругови“ се неспособни да сторат било што за разговорите со Грција да ги придвижат напред, туку сведоци сме на една спротивна тенденција, воопшто разговорот за нашето натамошно зачленување во ЕУ и НАТО се одлага на неодредено време.“

И додека сега за овој прболем се погалсни се пратениците државниот врв молчи.Сеуште не се знае кога ке се одржи координацијата која мора да биде деновиве бидејки медијаторот Нимиц ја очекува реакцијата на Македонија до крајот на неделава. По првичните негативни оценки на претседателот и премиерот за последниот пакет идеи на медијаторот Исмаил смета дека молкот на дражвниот врв е добар:

„Очигледно се свестија, сватија дека ова е еден од многуте пакети кое што раководството на нашата земја ги добиваше изминатите 12-13 години. Според тоа нивното тивкост сакам да ја толкувам како нивно освествуање во целата оваа ситуација.“
XS
SM
MD
LG