Достапни линкови

Москва: Најмалку шест руски полицајци убиени во судирите со милитантите во Дагестан


Руското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку шест руски полицајци биле убиени во судирите со милитантите во руската провинција Дагестан. Како што стои во соопштението петмина полицајци загинале откако нивниот конвој бил нападнат, додека еден бил убиен за време на престрелките со милитантите. Се претпоставува дека најмалку троца други полицајци се повредени во судирите. Насилствата во Дагестан често се поврзуваат со чеченските милитанти.
XS
SM
MD
LG