Достапни линкови

Загриженост за судбината на Војводина


Повеќе од шеесет српски академци и интелектуалци упатија отворено писмо до шефот на државата и до премиерот на Србија во кое изразуваат загриженост за судбината на Војводина. Повод е предлог статутот кој во парламентот на Војводина неодамна беше усвоен со гласовите на пратениците од унгарската коалиција, демократите и социјалистите.

Во писмото на интелектуалците кои се познати по нивните десничарски и националистички ставови се наведува дека со новиот статут на Војводина и се даваат својства на државност. Со тоа, како што се додава, се отвора можност за сецесија. Затоа, според нив, статутот претставува противуставен документ со кој се разбива Србија. Историчарот Славенко Терзиќ вака објаснува зошто го дели мислењето дека статутот не смее да биде прифатен.

„Сметам дека тенеденцијата на развој на државноста на Војводина би можело лошо да се одрази врз идниот интегритет на Србија, особено ако се имаат предвид аспирациите на Унгарија спрема еден дел на Војводина.“

Вели Терзиќ. Во елементите на државност, групата инетлектуалци го вбројува и правото на Војводина да формира претставништва во Европа и во Брисел. Предвидено е и формирање Војводинска академија на науките и уметностите со која, според нив, се поставува основата за национално изедначување со Србија.

„Доволно е да ви кажам Војводина шума, Радио телевизија Војводина, Војводински дневник. Сето тоа е државност. Сето тоа поттикнува создавање некоја нова војводинска нација. “

Вели еден од потписниците на отвореното писмо историчарот Јован Пејин. Професорот на Универзиетот во Нови Сад Јован Комшиќ пак, не е воопшто изненаден од загриженоста на интелектуалците кои, како што вели, уште од осумдесетите и деведесетите години на минатиот век истрајуваат на заложбите за силна и унитарна Србија.

„Тие потсетуваат на тезите со кои ја поддржуваа стратегијата на Радован Краџиќ и неговата максима за неможност од заеднички живот во Босна и Херцеговина. Тие се носталгичари на поразен проект.“

Оценува професор Јован Комшиќ, додавајќи дека тие се уште живеат во деветнаесетот век, односно во времето на, како што вели, етно културниот инжињеринг по мера на мнозинската нација или народ. Според Комшиќ, тие се уште не можат да се помират со можноста дека државата постои и во мултиетнички средини.
XS
SM
MD
LG