Достапни линкови

Експертите песимисти дека може да има резултати


Македонска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер. Груевски му се придружува на министерот за одбрана Зоран Коњановски кој веќе престојува во седиштето на НАТО на средби со повеќе амбасадори на Алијансата. Груевски кој инаку денеска во Брисел ке учестува на самитот на лидерите на Европските Народни партии, во придружба на министерот Коњановски како што е најавено утре ќе се сретнат со Схефер, но и со американскиот амбасадор во НАТО Курт Вокер. Претставува ли посетата на Брисел, последен обид и притисок за решавање на прашањето и разврска на ситуацијата околу нашето членство во Алијансата, посебно пред истекот на мандатот на американскиот претседател Џорџ Буш? Задоцнети и без поголем оптимизам за менување на ситуацијата, е оценката на домашните експерти за разговорите во седиштето на НАТО:

„Мислам дека пропуштивме многу драгоцено златно време. Сега практично сите меѓународни околности се неповолни за нас. Ова е последен обид да се направи нешто и да се реши прашањето, но јас сум голем песимист дека годинава ќе се реши прашањето.“

изјавува професорот по меѓународни односи на Универзитетот ФОН Мерсел Биљали. Во меѓувреме американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид во интерјву за грчкиот весник Катимерини ги повика Атина и Скопје да постигнат компроимс за името и да покажат ,,храброт и мудрост да ги прифатат идеите на медијаторот Метју Нимиц, пред истекот на мандатот на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш. Фрид прати и порака дека претседателот Буш одамна се занимава со ова прашање и не е сигурно оти неговиот наследник на на ист начин ќе се заземе за негово решавање. Средбите на Груевски во Брисел, доаѓаат ден пред најавената средба во четврток на државниот врв на која треба да се изгради државен и политички консензус по последниот пакет идеи на медијаторот Нимиц. Црвенковски и Груевски веќе се изјаснија дека тие се неприфатливи за Македонија. Аналитичарите се согласуваат дека предлозите не се во наша корист, но треба да се изгради стратегија според која ќе покажеме дека тие може да претставуваат материјал за натамошна расправа:

„Македонското лидерство да не ги третира со одбивање, туку да ги третира како материјал за расправа. Како прво, како второ, тоа е навестување на нешто што се вика земи или остави.“

вели аналитичарот Ѓунер Исмаил.
XS
SM
MD
LG