Достапни линкови

Скопје: Нема преговори со Нимиц туку тој ќе го изложи својот предлог, соопшти владата


На средбите на медијаторот Метју Нимиц со македонските и грчките преговарачи за спорот околу името закажани за денеска и утре во Њујорк, нема да има преговори, туку, тој само ќе го изложи својот предлог, соопштија од Владата. Како што информираа од таму, Мартин Протогер, шеф на Кабинетот на Премиерот, пред Нимиц ќе ги изнесе заклучоците усогласени на вчерашната лидерска средба.
Владата, како што посочија нејзините претставници, не знае што ќе соопшти преговарачот Никола Димитров на средбата, но очекуваат таму да биде кажано што зборувале претседателот Бранко Црвенковски и Нимиц на тет-а-тет средбата во Њујорк. Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски пак на денешната средба со новинарите изјави дека Грција, не сака решавање на проблемот затоа што во моментов американската администрација е наклонета на наша страна. Во последниот предлог од медијаторот Метрју Нимиц, според Црвенковски може да се забележи поголемо разбирање за некои од позициите што се важни околу идентитетот.
XS
SM
MD
LG