Достапни линкови

Граѓаните се плашат од зголемувања на цените и на останатите производи


Во очекување на седницата на Регулаторната комисија за енергетика на која ќе се одлучи дали ќе плаќаме повисока цена на електричната енергија, граѓаните се плашат од можното зголемување. Оние кои ги прашавме велат дека поскапувањето ќе го погоди семејниот буџет, а некои од анкетираните признаваа дека ако тоа се случи нема да ги плаќаат сметките за струја.

„Ваквите поскапувања многу влијаат, ако е 20 насто, ќе повлече и други поскапувања.“
„Се претера, и струја и парно, безобразлук“
„Да сме вработени да платиме, вака, со што?“


Дека евентуалното зголемување на цената на електричната енергија ќе повлече други поскапувања, потврдуваат некои од македонските стопанственици. Јован Дабевски, сопственик на фабрика за производство на млечни производи вели дека цените на производите ќе се зголемат, само доколку процентот на зголемување на електричната енергија е поголем од најавуваните 10 насто.

„Има и други најави, дека ќе дојде набрзо до поскапување големо на струјата, тогаш ќе влијае на поскапување на производите, во секое производство струјата влијае во трошоците.“

Директорката на фабриката за производство на кондиторски производи Европа, Савка Димитрова вели дека се можни поскапувања на нивните производи, иако признава дека во производството на таа индустрија, електричната енергија нема големо учество.

„Може дефинитивно да предизвика покачување, ако дојде до најавеното покачување. Некако се надевам се дека ќе ретерираат од тоа, сметајќи дека нафтата покажува тенденција на поефтинување.“

изјави директорката Савка Димитрова

Некои од стопанствениците се уште размислуваат дали зголемените трошоци во производството ќе ги покријат со повисоки цени на продуктите.

„Ние ќе треба да одлучиме дали ќе го амортизираме ние, на наша штета, па ќе се развиваме побавно, нема да има нови вработувања и инвестиции. Индиректно тоа сепак влијае на целата економија,“

изјави стопанственикот Ристе Ристевски

Неодамна, државните електрани поднесоа барање до Регулаторната комисија за зголемување на цената на струјата за дури 40 проценти. Барањето го правадаат со зголемените трошоци и образложение дека со сегашните цени работата на граница на рентабилност.
XS
SM
MD
LG