Достапни линкови

logo-print

Следен чекор се протести бидејќи неможеме да дозволиме намалување на правата на работниците


Не се реализира за денеска најавената средба меѓу Сојузот на Синдикати на Македонија и Владата на која требаше да се разговара за законот за работни односи. Следен чекор е организирање на протести, велат од ССМ, разочарани што пред владините претставници неуспеаа да ги изнесат забелешките од законот, кој според нив е на штета на работниците чии права драстично се намалуваат:

,,Зависно од денешните разговори беше условена нашата одлука. Ако имаше нешто позитивно ние ќе почекавме со протестите, односно ќе преговаравме со Владата. Бидејќи не оставаривме средба, за која инаку и да се реализираше јас не бев преголем оптимист дека нешто ќе понудат, значи останува протестот се поизвесен.“

Изјавува Пеце Груевски портпарол на ССМ. Законот, кој еднаш не беше потпишан од претседателот Бранко Црвенковски, вториот пат беше донесен во Собранието. Од Синдикатот се согласуваат дека веќе е доцна за протести, но велат немаат друг избор:

„Не да е доцна, туку е предоцна. Меѓутоа вината и ова прашање е за владата. Затоа што таа, да кажам малку потежок збор, ,,насилнички“ го донесе законот и ние немавме време да реагираме.“

Посочува Груевски. Работничките права во ,,заложништво“ на бројните синдикати во земјава кои немаат единствен став околу него. Имено, наспроти ССМ која се противи на законските одредби, во Конфедерацијата на слободни Синдикати сметаат дека ССМ си прави сопствен маркетинг, оцрнувајќи го докрај законот, иако велат во него има и лоши и добри одредби:

„Значи ние не ја браниме Владата, ниту пак смееме да помислиме да бидеме нејзина ,,продолжена рака“ меѓутоа несакаме по секоја цена да напаѓаме и по секоја цена да ја браниме.“

Вели Дојчин Цветановски од Конфедерацијата на синдикати. Намалување на годишниот одмор, право рабодотавачот на прогласи технолошки вишок и да вработи нов работник наместо пренасочување на веќе вработените, право на работодавачот да му налоши на работникот неограничено да работи во ноќна смета, се само дел од одредбите предвидени во законот, со кои не се согласува ССМ. Сите ќе бидат оштетени, но најмногу оние работници кои што извршуваат тешки физички работи, вели претседателот на Сидникатот на градежништвоПавел Трендафилов:

„На некој начин работодавачите користејќи ги овие ,,дупки“ во законот им дозволува апсолутно да се ослободат од сите работници.“

Цвртстата определеност да се продолжи со реформскиот процес и подобрувањето на бизнис климата, е образложението што го даваат до Владата, за причините за донесувањето на измените на законот за работни односи.
XS
SM
MD
LG