Достапни линкови

logo-print

Влегуваат ли преговорите во напредна фаза или станува збор само за глумење конструктивност?


Милошоски и Бакојани денеска во Париз на билатерална средба. Од министерството за надворешни работи информираат дека средбата се одржува по барање на македонскиот министер за надворешни работи кој синока испратил покана до неговата грчка колешка. Кој е повод за вакво барање токму во овој момент од МНР велат дека покани биле испракани и досега но грчаката шефица на дипломатијата не ги прифакала. Од исходот на денешната средба објаснуваат од министертсвото ке зависи и што ке се случува во Њујорк на маргините на годишното собрание на Обединтеите Нации. Домашните екеспертите пак со спротивни мислења што значат ваквите контакти. Според аналитичарот Суад Мисини покрај подигнување на нивото на односите во спорот со името ова значи и дека преговорите се во напредна фаза:

„Тие што до сега не сакаа да се видат, наеднаш се спојуваат на покана на една страна, а другата ја прифаќа. Така што мислам дека некои работи веќе се договорени и треба само да се ,,допеглаат“ и да им се даде некаква официјална димензија.“

Работите се забрзуваат а и врз двете страни се вршат притисоци од мегународната заедница за прифакање на компромис вели Мисини кој поради овие причини ја отфрла можноста целта на денешната средба
да е само покажување на конструктивност:

„И на тоа ако го додаме фактот дека ние во Македонија всушност сме и најмалку информирани за сите детали ми се чини дека не се работи за ,,глума“ туку се работи за доста напредна фаза на преговарања и договорање.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле со сосема поинаков став. Билатерлаката Милошоски Бакојани не треба да се смета за историска бидејки и досега имало средби на такво ниво а не треба да се очекува ниту посебен резултат од неа вели Чашуле

„Ако ги анализирате позициите на нашата држава која што има огромна подршка од народот за да не се задира во историското име, и ако ја гледате Грција каде што Владата ,,виси на конец“ со сите корупциски скандали, тогаш не гледам излезна можност. И да ја има не гледам можност.“

Како и да е додава Чашуле ваква средба е потребна за да се вратат раговорите на вистинско место

„Прво да воспоставиме каков таков дијалог и да воспоставиме ред во решавањето на проблемот. Тоа значи да се реафирмира резолуцијата на ОН, да се потврди времената спогодба и форматот што тие го предвидуваат за разговорите.“
XS
SM
MD
LG