Достапни линкови

Македонските аналитичари не очекуваат предлог ,,земи или остави"


Денеска во Њујорк македонскиот преговарачки тим очекува дали на зедничките средеби со двете делегации, посредникот Метју Нимиц ќе презентира нов пристап, а во исто време од преговорите да бидат ислкучени сугестиите што го загрозуваат македонскиот идентитет. Нимиц прво ќе одржи заедничка средба со прегоаварачите Димитров и Василкас, а потоа одвоени средби. Доколу има напредок, предлог ќе има и тој ке биде доствен до владите во Скопје и Атина. Неизвесно е дали тоа ќе значи и средба на министрите Милошоски и Бакојани на маргините на Генералното Собрание на ОН на 24 септември за што шпекулираат медиумите. Барањето решение трае 17 години. Можно ли до тоа да дојде преку наметнување решение. Хипотетички и таква една солуција е можна, вели професор Билјана Ванковска, но таа смета дека односите во Советот за безбедност се во една такава ситуација што едноствно би се создало отпор.

,,Премногу преседани се случија во последниве години, за да се прифати уште еден, дополнителен. Едноставно мислам дека во Советот за безбеност нема капацитет за да се постигне консензус, па на тој начин дури и на Македонија да и се наметне. Јас не сум оптимист дека во септември може да очекуваме затворање на прашањето."

Се очекува во Њујорк да им предлог кој може да биде блиску до решение, смета аналитичарот Мерсел Биљали, но според него наметнувањето во стилот ,,земи или остави" не може да се случи:

,,Мислам дека ќе има предлог, веројатно ќе се разликува од претходните предлози. Но, да се наметне во стилот земи или остави, мислам дека нема. Евентуално, ако се наметне нешто поинтензивно, тоа ќе биде крајот на октомври."

Сега кога Македонија очекува влез во НАТО и датум за преговори од ЕУ, односно е во временски теснец непопуларни се наметнати решенија бидејќи тоа создава негативен набој, вели Ванковска според која не треба формално да се заврши тоа прашање туку да се отврат перспективи за попријателски односи во целиот регион. Во околности во кои нема придвижување од македонска и од грчка страна, спроти новата рунда во Њујорк, на координативна средба претседателот Црвенковски и премиерот Груевски ги разгледаа можните аспекти од разговорите. Премиерот изјави дека се очекува новиот предлог, а потоа ќе видиме што ќе правиме, а претседателот дека актуелизирањето на двојната формула не значи обид за поуспешни преговори туку за нивно опструирање .
XS
SM
MD
LG