Достапни линкови

Европа на културен начин не предупреди дека немаме остварено напредок, велат аналитичарите


Политичка стабилност и неопходен консензус, фер и демократски избори и обезбедување коректно функционирање на демократските институции, побара еврокомесарот Оли Рен од македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски и од Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Брисел.

„Станува збор за добронамерни препораки и констатации, особено во делот на напредокот на Република Македонија во исполнувањето на реперите од една страна, но и соодветни констатации за одредени проблеми од минорен карактер, особено пред, за време и по изборите.“

коментираше пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеновски.

Политичкиот аналитичар Албер Муслиу вели дека Европа на културен начин не предупреди дека одредени процеси не само што не се напреднати туку се и закочени. Иако гледа можност оценката околу изборите да се подобри поради како што вели зголемените активности на судските органи и на полицијата, во сферата на политичкиот дијалог сеуште го гледа како заложник на демократската незрелост и на личните суети што за него ги прави објективни оценките од Брисел.

„Ние сме сведоци дека минатиот месец огромен број закони се донесоа во парламентот во кои учествуваше само позицијата, и тоа секако не е рефлексија на политички дијалог и дебата и сите други процеси кои се индикатори на развиениот демократски дијалог. А, за личната суета и за тоа сме сведоци, за кохабитацијата меѓу премиерот и претседателот и проблемите “

вели Муслиу кој сепак го издвојува спорот за името како сенка на целиот настан.
Сличен тон во коментарот и на пратеникот од опозиционата СДСМ, Владо Бучковски Според атмосферата која според него провејува во Брисел сите забелешки во очите на европските функционери се во духот на спорот со Грција околу името кој по негово согледување се наметнува како клучен во оваа насока.

„Кога се говори за за Македонија, најпрвин пред очите им излегува проблемот што го имаме со Грција,сите овие други слабости што ги покажавме посебно катастрофално, лошо, организираните избори, би можеле според моја проценка да бидат во втор план ако се реши ова прашање.“

Вели Бучковски, единтвено охрабрен од најавите за либерализацијата на визниот режим.
XS
SM
MD
LG