Достапни линкови

Москва: Телефонски разговор Медведев - Саркози


Во Москва е соопштено дека рускиот претседател Дмитри Медведев и неговиот француски колега Никола Саркози повеќе од еден час телефонски разговарале за кризата во Грузија. Кремљ прецизира дека Медведев му рекол на Саркози дека грузиските сили мора да се вратат во касарните што е во согласност со францускиот план за прекин на огнот. Инаку, денеска властите во Јужна Осетија соопштија дека во грузиксите напади во овој регион загинале скоро илјада и седумстотини луѓе.
XS
SM
MD
LG