Достапни линкови

Дипломатска изјава насочена кон премиерот Груевски, сметаат експертите


Изјавата на американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ дадена во интевјуто за Алсат дека не постои позитивна иднина за Македонија доколу не влезе брзо во НАТО од владата денеска не ја коментираа. Според универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски таа е директно насочена кон премиерот Груевски. Тој пак во последниов период неколу пати најави дека власта има стратегија за развој и доколку не станеме дел од алијансата. Фрчковски коментира дека таков план ќе ја доведе земјава до стагнација и силно ке се одрази на внатрешаната политичка состојба

„Македонија ќе пукне и ќе се развива со повеќе со повеќе брзини, делови кои немаат врска со центарот ќе се развиваат независно. Практично, ќе завршиме во една економска, политичка и секаква друга федерализација.“

Не затсрашувачка туку пријателска изјава така ја коментира пораката од Милованович аналитичарот Алберт Муслиу. За тоа што е она што негативно може да и се случи на земјава тој вели:

„Едно е во сферата на меѓуетничките односи. Албанските политички партии јасно најавија дека не гледаат друга перспектива освен евро атлантските интеграции, а второ е економскиот фактор, ако ние не можеме да ги користиме европските фондови ќе имаме социјални тензии, ќе имаме одлив на иневститори.“

Вчера грчката минситѕерката за надворешни работи Бакоја повтори дека Атина ке дефинитивно ке го блокира патот на земјава кон Европската Унија. Аналитичарот Сем Вакни пак во колумна најави дека споорот со името ке се реши во септември на советот за безбеднсот на обединиетите Нации според грчко американскиот план а за Македонија понуадата ке биде преставена по принципот земи или остави. Фрчкосвки смета дека сите овие изјави одат во насока на притисок врз владата во Скопје. Она пак што ке ни биде понудено вели Фрчковски е пакетот Северна Македонија кој за нас е добар

„Тоа е оној пакет за кој сите ние се согласуваме дека е добар пакет, но владата го уценува со разни глупости како што е повлекување повторно на двојната формула и слични маневри. Според тоа, тој паект што е смислен и во основа добар за нас, нема друг начин да биде наметнат со притисок, со уцена, па дури и закана, дека ќе бидеме изложени на изолација и дека ќе ни бидат отстранети сите поддршки на пријателите кои ги имаме.“

Инаку по писмата на премиерот Груевски во кои тоја ја информира мегународната заедница за таканреченото егејско прашање денеска и собранието усвојува резолуција за децата вбегалци од Грција за време на гарагнската војна.
XS
SM
MD
LG