Достапни линкови

Батуми: Американски воен брод со хуманитарна помош пристигна во Грузија


Американски воен брод, со хуманитарна помош за Грузија, пристигна денеска во грузиското пристаниште на Црното Море - Батуми. Пристигнувањето на американската помош, се смета за јасен сигнал за поддршка на Грузија од страна на Вашингтон. Уште два американски воени бродови со хуманитарна помош треба да пристигнат неделава во Грузија. Во меѓувреме грузиски претставници информираа дека товаран воз кој пренесувал гориво, експлодирал откако нагазил на мина поставена на железничката пруга во близина на градот Гори.
XS
SM
MD
LG