Достапни линкови

Политиката во Македонија е како шпанска серија, коментираат граѓаните


Македонија во пресрет на Илинден. Од Пелинце и од Мечкин Камен симболите на двата илиндена, државниот врв ќе им се обрати на македонските граѓани со пораки во име на празникот. Од Пелинце Премиерот Никола Груевски, од Крушево, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјановски. Шефот на државата годинава нема да има обраќање како што налага редот воспоставен според неформалниот договор меѓу трите институции кој како традиција се провлекува од воспоставувањето на независноста на државава. Утрешната прослава ќе биде вовед во малото здивнување од политика. Барем што се донесува до онаа која се пласира од парламентарната говорница, силно присутна во домовите на македонските граѓани во текот на целата година. Владата нема да користи годишен одмор, од понеделник тој важи само за пратенците.

„За што друго тие и кога се во парламентот не се ефикасни.“
„Политиката не личи на политика, туку на препознатлива игра, како шпанска серија, знаеш како ќе заврши.“
„Пуштете музика.“


коментираат дел од граѓаните кои би сакале по одморот пратениците да ги видат во нова форма.

„Слабо функционираат, и ќе им треба одмор да размислат.“

Дали вака ќе го употребат одморот нашите парламентарци ќе се види по првите нивни настапи откако кон крајот на овој месец ќе се вратат во парламентарните клупи. На Македонија и претстои загреана политичка есен. Не е сеуште познато дали и во кој периот би понудил како што беше најавено во почетокот на јули нова рамка во која би продолжиле преговорите за името со соседна Грција која треба да биде подготовка за септември кога се очекува на маргините на генералното собрание да се разговара и за ова прашање. Кон ова веројатно ќе бидат актуиерлни и препораките кои ги пренесе американската амбасадорка Џилиен Милованов пред неколкѕу дена во интервју за една од скопските телевиии во кои таа наведува дека постојат некои предлози од медијаторот Нимиц кои како што вели македонија треба да ги разгледа и да ја искористи шансата за постигнување договор со Грција пред самитот на НАТО во декември. Во меѓувреме македонија ќе ги чека и оценките за напредокот во есенскиот извештај на европската комисија.
XS
SM
MD
LG