Достапни линкови

Караџиќ не се изјасни по обвинувањето, но рече дека со Холбрук договорил дека нема да биде испорачан


Радован Караџиќ во денешното прво појавување пред судот во Хаг, не се изјасни по обвинението покренато против него за воени злосторска и геноцид врз не-српското население во текот на војната во Босна и Херцеговина и соопшти дека во текот на целиот процес сам ќе се брани. Судијата Алфонс Ори, новиот термин за изјаснување согласно процедурата го закажа за 29 август, откако Караџиќ истакна дека сака да го проучи новото обвинение што Хашкото обвинителство го подготвува против него:

,,Не сум заинтересиран некој друг да ми го чита обвинението, повеќе би сакал да го добијам новото обвинение кое што е најавено, и време да ја проучум, а потоа да се појавам за прв пат и се изјаснам по тоа обвинение."

Обвиниетелот Серж Брамерц потврди дека се подготвува ново обвинние против Караџиќ кое како што рече ќе биде проширено. Во текот на денешното прво изведување пред судот, поранешниот лидер на босанските срби се обиде да укаже на како што рече ,,бројни нерегуларности“ при неговото спроведување во Хаг. Зборуваше за понудата од Ричард Холбрук односно Соединетите држави дека нема да биде испорачан на Хашкиот трибунал доколку се повлече од политичкиот и јавниот живот и искажа стравување за неговата безбедност. Тој исто така рече дека има нерегуларности околу неговото апсење при што негираше дека бил приведен од српската полиција на 21 јули, туку три дена порано. Судијата Ори во врска со овие забелешки, го упати да поднесе писмена достава до судскиот совет. Караџиќ на Хашкиот трубинал по аспењето му беше предаден вчера изутрината.
XS
SM
MD
LG