Достапни линкови

Знак дека на Балканот има опасност од радикални структури, оценуваат експертите


Продолжувањето на санкциите против лицата кои се најдоа на црната листа на Соединетите Држави е знак дека на Балканот се уште има опасност од радикални структури кои би можеле да предизвикаат насилства. Вака екпсертите ја толкуваат најноватаодлука на американскиот претседател Џорџ Буш да ги продолжи санкциите за уште една година против одредени физички и правни лица на територијата на Западен Балкан за кои постои сомневање дека извшуваат или ги помагаат екстремситички активности.
„Тоа има двојна улога. Едната е дека сеуште во регионот има радикални елементи кои може да предизвикуваат проблеми и второ, најверојатно кон Македонија е рефлекс на тие лица кои придонеле да има прекршувања да немаме регуларни избори,“
изјави аналитичарот Мерсел Биљали.
Ова според него е порака до одредени политички лидери во земјава да се повлечат од политичката сцена .
„Во смисла на тоа дека тие луѓе или треба во однос на власта да бидат подалеку или да се повлечат од политиката.“
На листата која објавена на веб-страната на американското министерство за финансии има десет македонски државјани. Џеват Адеми, Гафур Адим, Нури Беџети, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаил Хисени, Даут Реџепи, Џезеир Шаќири и Мендух Тачи се лицата кои се сметаат за непожелни во Соединетите Држави, ниту пак може да извршуваат какви било финансиски трансакции со Соединетите Држави. Активностите на лицата кои се вклучени, кои го помагаат или поддржуваат екстремистичкото насилството во Македонија, во јужна Србија, и насекаде низ западен Балкан претставуваат закана и ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на тие места и пошироко во регионот, се вели во писмената изјава на Буш на страната на американското министерство за финансии. Сметам дека ваквите активности се невообичаени и претставуваат неверојатна закана за безбедноста и надворешната политика на Соединетите Држави и објавувам дека националните безбедносни служби треба да се справат со таа закана, се вели во истоимената изјава на Буш.
XS
SM
MD
LG