Достапни линкови

Во три избирачки места во Тетово гласањето не започна поради кражба на избирачкиот материјал


Во три избирачки места во Тетово кои се наоѓаат во основното училиште „Прпарими“ во Голема Речица не започна прегласувањето поради кражба на изборниот материјал,додека на останатите места гласањето тече нормално информираат од Државната изборна комисија.

,,Во три гласачки места и тоа 1985, 1986 и 1987 во село Голема Речица не е започнато гласањето поради тоа што е украден гласачкиот материјал,"

истакна Сауби Јaкупи заменик претседател на ДИК и додава дека излезноста на граѓаните на овие избирачки места до 10 часот е 12,40 проценти.

,,Во ИЕ 1 е 17,40 насто, во ИЕ 2 е 10,61, а во ИЕ 6 11,64 насто до десет часот излезност."

И од граѓанската асоцијација МОСТ која ги набљудува изборите со дополнителни 22 монитора велат дека нивните сите распоредени набљудувачи биле примени на избирачките места и го следат процесот на гласање.

Инаку на 187 избирачки места во изборните единици еден, два и шест денеска има повторување на гласањето од предвремените парламентарни избори зашто пред две недели таму беа регистрирани изборни нерегуларности. Право на глас на овие избирачки места имаат сто шеесет и една илјада осумстотини седумдесет и четири граѓани. Гласањето почна во седум и ќе трае до 19 часот. Покрај домашните монитори за прегласувањето,од ДИК биле побарани и дополнителни акредитации за 106 странски набљудувачи од кои највеке од ОДИХР 77. По изборните инциденти на 1 јуни, меѓународни и домашни институции и претставници апелираа за мирно, фер и демократско прегласување, без заплашување на гласачите и насилства.
XS
SM
MD
LG