Достапни линкови

logo-print

Историски договор за унапредување на соработката


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс гарантира продолжување на силната поддршка на Соединетите Држави на напорите на Македонија за зачленување во НАТО. Таа по потпишувањето во Вашингтон на Декларацијата за стартегиско партнесртво и соработка уште еднаш побара од Македонија и Грција да ги решат разликите за спорот со името со цел да биде расчистен патот на Македонија до Алијансата.

Потпишавме важен договор кој е рамка за соработката меѓу Соединетите Држави и Македонија, изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс откако со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во Вашингтон ја потпишаа декларацијата за стратегиска соработка меѓу двете земји. ,,Станува збор за широк договор и се надевам дека тоа е силен знак за продолжување на соработката и пријателството меѓу Македонија и Соединетите Државии. Наскоро ќе следуваат уште неколку други

Соединетите Држави силно го поддржуваат приемот на Македонија во НАТО веднаш откако ќе биде надминат спорот за името. Се надеваме дека тоа ќе се случи многу бргу бидејќи Македонија заслужува да стане членка на НАТО

Изјави Кондолиза Рајс, наведувајќи дека со тоа Македонија ќе придонесе за зајакнување на просперитот и демократијата.

Со нетрпение го очекуваме денот кога војниците на Македонија, како членка на НАТО, ќе служат заедно со американците како што е денес во многуте наши напори за промоција и одржување на демократијата.

Изјави Кондолиза Рајс која ја повтори, како што рече, големата надеж на Соединетите држави дека со доволно добра волја и доволно флексибилност ќе биде решено прашањето со името. ,,Го охрабруваме амбасадорот Нимиц да ги зголеми неговите напори, како и Грција и Македонија да поинтензивно да работат на изнаоѓање решение, бидејќи Македонија многу ја зазлужува поканата која не ја доби во Букурешт,, наведе Кондолиза Рајс. Министерот Милошоски пак, оценувајќи дека документот покажува оти односите меѓу Македонија и Соединетите Држави се засноваат врз заедничка доверба и вистинско партнерство изјави:

Македонија останува сигурен партнер на Соединетите Држави во напорите да бидат постигнати нашите заеднички цели и вредности.

Рече Милошоски, оценувајќи дека докуметот е историски чекор во билатерланите односи кои ќе бидат унапредени на секое ниво, особено во економската, трговската и безбедносната соработка.
XS
SM
MD
LG