Достапни линкови

logo-print

Според експертите непостои тактизирање и одoлговлекување на овој процес


Домашните аналитичари позитивно гледаат на работата на Комисиите за демаркација на македонско-косовската граница. Според нив ова е добар сигнал од двете страни и засега не може во нивната работа да се препознае тактизирање и одолговлекување на процесот. Иако првите изјави кои што дојдоа од Приштина по прогласувањето на независност беа признавање па обележување на границата, сега вели аналитичарот Алберт Муслиу на косовоските власти им е јасно дека тоа не може да се случи поради распуштениот парламент и техничката влада кои функцираат во земјава:

„Мене ми е мило што постои добра воља од двете страни, значи немаме некоја зголемена тензија меѓу двете влади, туку на целиот процес се гледа како на нешто што треба да се заврши но без некоја негативна енергија.“

Муслиу очекува дека работата на комисиите ќе продолжи и покрај предвремините избори:

„Не е тоа процес од пет-шест дена, значи тука има и многу техничка работа која што комисиите ќе ја спроведуваат независно од изборите во Македонија и неможноста македонскиот парламент да ја признае или ратификува одлуката на владата, така што мислам дека нема да имаме проблеми во оваа смисла.“

И претседателот на Балканскиот безбедносен форум Благоја Марковски со слични очекувања. Работата на комисиите треба да се одвои од политичките случувања, вели тој:

„Политичарите се нешто друго, комисијата е исклучиво составена од експерти, луѓе кои работат на терен, геометри, воени експерти кои навистина сериозно ќе пријдат кон ова прашање.“

Тој објаснува дека комисиите прво треба да излезат на терен да ја утврдат линијата, па потоа врз основа на тоа да се подготви документ. Сепак додава Марковски последната потврда на границата треба да ја направат политичарите:

„За оваа комисија од голема подршка ќе биде што веќе Македонија имаше оцртување на границите со тогашна Југославија и тие нема битно да бидат изменети во овој контекст, сега треба политичарите да донесат одлука дали се согласни со тоа, односно дали има во некој предел на граничното подрачја отспатувања од предвиденото.“

Инаку денеска во Скопје повторно средба на двете комисиите на двете страни кои работат на демркацијата. Првата во Пришитина информираат од Министертсвото за надворешни работи била подготвителна на која се утврдувала првичната динамика за работа.Според планот на Ахтисари пак во рок од 120 дена од прогласување на независноста двете страни требаа да формираат комисии кои ќе работат на одбележувањето кое би требало да се изврши во период од една година. Комисиите се формираа по два месеци од независноста.
XS
SM
MD
LG