Достапни линкови

logo-print

Брисел: Европскиот парламент ќе гласа за напредокот на Македонија во приближувањето кон ЕУ


Европскиот парламент денеска на пленарна сесија во Брисел треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на приближување кон Европската унија, што го изготви холандскиот европратеник Ерик Мејер. Извештајот во Брисел главно се оценува како позитивен за Македонија. Во него генерално се укажува дека има напредок во реформите и во спроведувањето на Охридскиот договор, дека се работи по точките за кои земјата беше критикувана, но оти се потребни дополнителни напори за да се препорача одредување датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Европратениците го поздравуваат влегувањето во сила на „олеснетиот визен режим“, сепак, забележувајќи дека се уште им е тешко на македонските граѓани да патуваат во земјите од ЕУ.
XS
SM
MD
LG