Достапни линкови

Предлогот е конечен, а во понеделник ќе има собраниска расправа, изјави Милошоски


Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во текот на разговотите на државниот врв и политичките лидери на поголемите партии во Македонија, изјави дека најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц, се смета за конечен и дека во понеделник ќе се најде на расправа пред пратениците во Собранието.

“Државниот врв ги информира политичките првенци во Македонија за предлогот на Нимиц ставен на маса во Њујорк. Донесовме два битни заклучоци. Како прво, овој предлог го сметаме, после 15 години билатерални разговори, како конечен предлог. Процесот на градење став во однос на овој предлог продолжува и во наредните денови и според Уставот и законите најверојатно ќе резултира со собраниска расправа во понеделник“

изјави министерот Милошоски. Во моментов во Клубот на пратенци заврши средбата на државниот врв со лидерите на поголемите политички партии, при што таму остануваат премиерот Никола Груевски, претседателот Бранко Црвенковски, министерот Антонио Милошоски и преговарачот Никола Димитров, кои за предлогот на Нимиц разговораат и со претставниците од помалите политички партии во државава.
XS
SM
MD
LG