Достапни линкови

Потребни се многу документи и време за доаѓање до средствата, се жалат земјоделците


За да се учествува во ИПАРД програмата потребни се многу документи и време,посочува Александар Стојанов од една земјоделска компанија.Ова програма која има цел да го зајакне земјоделството,според Стојанов,администрацијата и формалностите која ги бара ова програма би биле најголем проблем за македонските земјоделци.

„Се работи за огромна документација, со огромни документи. Најмалку време потребно за припремање на документите е три до четири месеци, може и до шест месеци. Значи, не е едноставно да се учествува во овој проект, затоа што треба многу време,“

Со цел да се искористи негативното искуство на Хрватска која од ИПАРД програмата не успеала да искористи околу 35 милиони евра и од соседна Бугарија која не искористила повеке од 29 милиони евра од ова програма,Агро-Бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија започна со организирање на трибини за едуцирање на македонските земјоделски стопанственици.

„За да не ни се повторат тие грешки што ги направиле Хрватите, многу фирми за банален документ, заради тоа што администрацијата во Македонија е таква каква што е, многу фирми не успеале да конкурираат заради немање услови за припрема на бизнис планови, документација,“

вели Зоран Даневски,претседател на Агро бизнис комората.Тој исто така додава дека планираат да организираат трибини во повекето градови во Македонија.

„Овие трибини ќе ги правиме секоја недела во различен дел од Македонија за да појасниме што се фирмата треба да направи за да е конкурентна и да ги добие овие средства.“

ИПАРД програмата овозможува усогласување на земјоделството со европските стандарди,јакнење на економијата и развој на руралните средини,а со тоа ке се зголеми конкурентноста на македонските земјоделски производи во интегрираните регионални пазари во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG