Достапни линкови

Главната забелешка се однесува на злоупотребата на полициските овластувања


На меѓународно ниво пробива сознанието дека отсуството на егзистенцијален миниумум само по себе е основа за ограничување на човековите права, а во Македонија се продлабочува сиромаштијата. Во такви случаи не можеме да очекуваме дека има поголемо почитување на човековите права, вели Мирјана Најчевска од Хелсиншкиот комитет за човекови права говорејки за редовниот годишен извештај на Стејт департментот во кој се констатира дека македонската Владата генерално ги почитува човековите права. Според Најчевска мора да се работи на почитување на економско социјалните права:

„Луѓето дефинитивно навистина нема шанси да направат нешто за своите права кога се доведени на границата на егзистенција.“

Она за што главно и се забележува на земјава и што се констатира како проблем е злоупотребата на полициските овластувања. Најчевска наведува две прични за тоа. Првата е континуирано одбивање да се создаде надворешен контролен систем кој би требало да и помогне на структурата на внатрешна контрола на полицијата. Втората е влијанието на политиката со што се руши хиерархиската структура на полицијата со преголемо вклучување на политичките партии:

„Имено се руши целокоупниот систем на внатрешно делување и на внатрешна одговорност на полицијата токму заради вмешувањето на политичките партии, во делувањето како поединечно така и на цели структури од полицијата во нивното секојдневно работење.“

вели Најчевска. Од Министерството за внатрешни работи велат дека постојано се работи на подобрување на контролните механизми:

„Во 2007 поднесени се 96 кривични пријави, во однос на 53-те кривични пријави во 2006 година, против 187 вработени во Министерствотово, додека во 2006 година се поднесени само 77 пријави против службени лица.“

Изјави Иво Котевски од МВР.
XS
SM
MD
LG