Достапни линкови

Државниот врв засега без детали за ставовите со кои ќе настапат


Посетата на медијаторот Метју Нимиц ја покажува војлата на мегународната заедница пред се на Стејт департментот сите земји членки на Јадранската група да добијат покана за членство во НАТО, што значи да се надмине спорот мегу Македонија и Грција за уставното име, оценуваат надлежните во земјава. Дипломатски извори велат очигледен е притисокот врз двете страни, Македонија и Грција да се изнајде решение за спорот или пак како прва фаза да се покаже реална волја за изнаогање на компромис. Притисокот врз Грција е со цел да се спречи Атина да го блокира македонското интегерирање во НАТО, велат истите извори кои додаваат дека притисокот пак врз македонија е да направи чекор со кој ке укаже дека е решена да се стави крај на спорот со името.
За ставовите со кои ке настапат претставниците на државниот врв засега без повеке детали. Накратко велат македонскиот став е познат и ке се направи се за да се покаже целосната решеност за надминување на овој спор. Во Њујорк македонскиот преговарач Никола Димитров отиде со став дека Македонија прифака две од петте понудени имиња во документот на Нимиц, Независна и Демокртаска Република Македонија но само за употреба во билатералните односи со Грција, а уставното име за мегународната заедница. Но ова не вроди со плод.
Од опозициската СДСМ чија лидерка Радмила Шекеринска вчера повика на национален консензус, велат дека е очигледно дека двојната формула на овој начин не може да се брани веке. Во овој момент пред утрешниот состанок на Алијансата каде се очекува да се разгледува агендата на претстојниот самит укажуваат дека излез е да се настапи со став дека поканата треба да се добие по референцата ПЈРМ повикувајки се на Времената спогодба, а за потоа да се определи рок за решавање на спорот, и во преговорите да се настапи конструктивно, темелно, а не како што го прави тоа владата која како што велат со неколку чекори како името на скопскиот аеродром и слично, ја доведоа Македонија во ситуација да биде обвинувана за прекршување на Спогогодбата.
Инаку спорот со Грција е кочничар за интегрирањето во НАТО, бидејки од утрешниот состанок на Алијансата се очекуваа одлука за поканата, а по последните настани во Њујорк рокот за одлука според дипломатите како да се пролонгира до денот на одржување на самитот во Букурешт. Освен пречка за НАТО прашањето за името со посетата на евромесарот за проширување на Унијата Оли Рен на Скопје и критериумите што официјално ке им ги презентира на македонските власти очигледно се појавува и на патот на европската интеграција.
XS
SM
MD
LG