Достапни линкови

Анкара: Турскиот парламент одобри укинување на забраната за носење исламски шамии на универзитетите


Турскиот парламент на првото изјаснување го одобри законот за укинување на забраната за носење исламски шамии во универзитетите. По седумчасовната расправа 397 пратеници гласаа „за“ а 113 бе „против“. Второто и последно „читање“ на законскиот проект ќе биде на 9 февруари. Ако минимум 330 пратеници го поддржат законот, тогаш тој ќе му биде поднесен на претседателот на државата на одобрување.
XS
SM
MD
LG