Достапни линкови

Шанса за бетонирање на мирот на Балканот


Шанса за бетонирање на мирот на Балканот и пошироко. Под овој наслов весникот Вашингтон Пост објавува текст во кој се наведува дека НАТО, на априлскиот самит во Букурешт, би требало да испрати покани за членство до Македонија, Албанија и Хрватска.

Со векови Балканот и Источна Европа ја носеа нивната репутација за иницирање на пошироки европски војни и и дадоа на европската историја имиња на места на геноцид и масовни страдања. Со формирањето на НАТО во илјада деветстотини четириесет и деветата година, НАТО и обезбеди мир на Западна Европа по Втората Светска војна. Од крајот на Студената војуна пак, Алијансата играше трансформирачка улога во градењето на втор мир, во Централна и Источна Европа. Сега НАТО има можност да ги постави основите за трет европски мир, овој пат на Балканот и да отвори дијалог кој би можело да води кон четврт мир: поконструктивен релации меѓу Европа и Русија, наведува во текстот објавен во Вашингтон Пост, претседателот на Проектот општества во транзиција Брус Џексон, додавајќи: Трансатлантските сојузници ќе се соочат со со две значајни прашања кога ќе се соберат на нивниот самит во Букурешт во април. Првото е дали да ги поканат Албанија, Хрватска и Македонија да и се придружат на Алијансата, одлука која ќе биде кулминација на петнаесет годишните напори за завршување на војните што го следеа распаѓањето на Југославија. Второто е какви односи треба НАТО да развива со Украина и Грузија во турбулентните години на нивниот развој. Во врска со Балканот критичарите велат дека Албанија, Хрватска и Македонија не се подготвени за НАТо членство. Поисточно пак, тие се загрижени за слабите демократски институции во Грузија и Украина и од можните ефекти што НАТО проширувањето би ги имало во односите меѓу Русија и Европа. Но, како што се наведува во текстот, факт е дека Македонија, Албанија и Хрватска потрошија повеќе од осум години на строга подготовка за членство во НАТО. Хрватска денес има најимпресивни економски показатели, Албанија испрати повеќе војници во мисиите на НАТО од некои членки на Алијансата, а Македонија постави поголема основа во изградбата на интегрирано, мулти етничко општество од која и да е друга европска држава. Сега имаме шанса католичка Хрватска, секуларно исламистичката Албанија и православсната Македонија да ги донесеме во евроатлантската заедница на демократии. Не е лошо, се наведува во текстот во кој се додава дека овие земји секако ќе мора уште многу да направат на економски и политички план. ,,Но досега не се случило да зажалиме поради прием на нови членки. Замислите да се чекаше Грција и Турција да ги завршат внатрешните проблеми пред да беа поканети во НАТО. Секое натамошно на кандидатурите на Македонија, ќе ја ослаби регионалната стабилност токму на почетокот на надгледуваната независност на Косово со што опасно ќе ја забави нашата мисија во Источна Европа, се заклучува во текстот на Вашингтон Пост.
XS
SM
MD
LG