Достапни линкови

Власта тврди дека нема застој, опозицијата дека дијалогот е „заглавен“


Реформите мора да продолжат беше пораката која ја испрати гененералниот секретар на НАТО Схевер при последната посета на Груевски во Брисел. Во меѓувреме пак иако беше најевена нова лидерска средба кон средината на јануари таа не се одржа. Од ДУИ велат дека сеуште немаат добиено покана од премиерот. Главните точки за разговор остануваат законот за јазиците и борците од ОНА на на чие усогласување во мегувреме работат работните групи. Според Муса Џафери од ДУИ работата на групите не закочена туку не е постигнат посакуваниот напредок

„Можеби би требало и да има таков нов импулс преку лидерските средби.“

Џафери вели дека по неколку позитивни сигланали од Евроспката Унија за напредокот политичкиот дојалог се добива впечаток дека тој е во застој:

„Секогаш кога нема притисок од некој фактор, сега во моментов од Брисел, од НАТО или од Вашингтон, тогаш таа клима се остварува кај нас и сите партии на некој начин се занимаваат поконкретно со партиската агенда и ја нема истата динамика, како пред еден месец или два месеци.“

Со слично мислење и Весна Бендевцска од Социјал демократскиот сојуз.Според неа причината за одложување на лидерската средба е изборниот законик

„Изборниот законик е каменот на сопнување кој веќе по трет пат се случува во Собранието и предизвикува сериозен застој во политичкиот дијалог.“

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ со спротивно тврдење. Нема застој во политилчкиот дијалог, вели тој:

„Ако СДСМ цени дека изборниот законик треба да биде тема на дискусија на една таква лидерска средба, ВМРО ДПМНЕ е подготвен да разговара.“

Според политикологот Дане Талески законот за јазиците и обештетување на борците на ОНА се прашања за кои лидерите се најчувтителни и заради тоа го одложуваат нивното решавање

„Според мене непотребно се одлага, постои голем степен на отсуство на политичка одговорност. Знаете, колку повеќе ги одлагате проблемите тие не стануваат помали, туку поголеми, бидејќи ќе расте притисокот од јавноста и притисокот како што се приближува самитот на НАТО.“
XS
SM
MD
LG