Достапни линкови

Свет: Берзите и денеска бележат голем пад


Светските берзи и денеска бележат голем пад предизвикан од страхувањата дека евентуалната рецесија во Соединетите држави би можело да ја забави светската економија. Индексот на Лондонската берза денеска падна за три проценти што не е забележано уште од денот по терористичките напади врз Америка во септември две илјади и првата година. Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус Кан оцени дека глобалната економска ситуација е сериозна. Од друга страна, јапонската влада соопшти дека не гледа причина да интервенира. Во меѓувреме, цената на нафтата продолжи да паѓа и сега и е осумдесет и осум долари за барел.
XS
SM
MD
LG