Достапни линкови

Кувајт: САД се на патот да го завршат повлекувањето на 20 илјади војници од Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во воената база Арифџан во Кувајт изјави дека Соединетите Држави биле на патот да го завршат повлекувањето на дваесет илјади војници од Ирак до средината на годинава. Тој додаде дека понатамошните редукции ќе зависат од препораките на воените командати на теренот. Буш исто така оцени дека насилството во Ирак значително било намалено откако во таа земја Вашингтон пред една година распореди дополнителни сили. Кувајт е првата етапа од турнејата на Буш низ неколку земји во Персискиот залив.
XS
SM
MD
LG