Достапни линкови

logo-print

Растот на цената на сточната храна која ја нема поради сушата го поскапува млекото


Со влезот на странски капитал во млекарниците во пелагониско помина времето кога државата успеваше социјалниот мир да го сочува со ниската продажна цена на млекото. По влезот на Данјуб Фудс во ИМБ Битола, литар пастер млеко достигна рекордни 55 денари. Растот на цената од млекарницата велат дека се должи на поскапувањето на суровоната, поточно на сировото млеко, која во изминатите два месеци се искачи до 26 денари, а претходно се движеше од 12 до 15.

„Пред да се поскапат производите беше поскапена сировината. Секоја компанија која работи рентабилно, мора да го поскапи и производот.“

Според директорот на најголемата млекарница во земјава Предраг Цветковиќ не е исклучена можноста цената на млекото сеуште да бележи раст. Тоа го правдаат со состојбите на пазарот за сточна храна која ја има се помалку поради сушата:

„Дали ќе дојде до поголемо зголемување треба да каже времето. Анализите кажуваат – да, можеби ќе гледаме да го амортизираме тоа заедно со конкуренцијата.“

Поскапувањето на млекото досега достигна 40 насто, а на суровината 60 насто. Ако до претходно за потрошувачите цената од 43 денари по литар беше прифатлива, за сточарите откупната цена од 15 денари беше крајно неисплатлива и продуцираше загуби. Со влезот на странскиот капитал, конкуренцијата од три млекарници кои го осплужуваат пелагонискиот регион наметнува нови начини на работа и откупни цени. Од здружението на одлегувачи на говеда велат дека ваква раздвиженост немало никогаш и сметаат дека за сточарите доаѓаат подобри денови:

„Со новите откупни цени состојбата се подобрува, но очекуваме таа да биде уште подобра,“

рече Соња Саздова, сопственик на сточна фарма во пелагониско.

Освен откупните цени кои растат млекарниците се натпреваруваат кој повеќе да вложи во развој на малите фарми. Ако до лани се јавуваше вишок на млеко кое фармерите го истураа по улиците, сега ситуацијата е променета, па се набавуваат и бесплатни лактофризери со што започнува ерата на поквалитетно млечно производство во пелагониско.
XS
SM
MD
LG