Достапни линкови

Експертите со различни ставови дали нападот има политичка заднина


Зоран Марковски од село Миладниновци роден 1967 година е припадникот на полцикста едница Тигри кој загина во вчерашниот напад на службенот џип во Автокомада, соопштија денеска од МВР. Полициксиот портпарол Иво Котевски вели дека истрагата за случајот во кој се полесно повредени и двајца приппадници на МВР е во тек и рано е да се шпекулира околу можните мотиви

„Автомобилот којшто синоќа беше пронајден во близина на фирмата за изработка на бетонски плочи уште синоќа е пренесен во МВР и се вршат дополнителни вештачења и се работи на вештачење на двете автоматски пушки и пушко митралезот коишто биле пронајдени во автомобилот.“

Безбедносните аналитичари пак со различни ставови во врска со вчерашното убиство. Според професорот по разузнавање Стефан Буџаковски начинот и местото на кое што се случи нападот потсетува на настаните во 2000 година

„Прво целна група е полицијата. Местото каде што се случило е кон тој дел каде што се случи и тогаш инцидентот, на влезот на Арачиново, објект е полицијата и сметам дека не е одмазда туку да се наметне некоја состојба.“

Целта на нападот според Буџаковски не е само да се линчува полицаец туку да се разниша безбедносната состојба. Инцидентот додава тој може да се гледа и во регионални рамки односно да биде поврзан со процесот на решавање на статусот на Косово

„Има доста раздвижувања сега, доста припреми. Има многу опции и на тие опции секогаш има нешто што се става како позадина, евентуално да дојде до ситуација, па да се интервенира.“

Професорот од Универзитетот на Југоисточна Европа Назми Малики пак смета дека инцидентот не треба да се става во политички контекст

„Можеби се работи за расчистување на сметки, не е добро секогаш да се дава политичка позадина.“

Но сепак додава Малики убиствата среде бел ден на фрекфенти места кои се сеучија и во текот на минатата година треба да ги загрижат безбедносните органи:

„Затоа што веќе безбедноста, што треба да значи приоритет се губи, дека граѓаните може да им веруваат на властите и надлежните,“

објаснува Малики.
XS
SM
MD
LG