Достапни линкови

Шенген зоната се прошири за девет земји членки на ЕУ


Од денеска Европа е без гранци за четиристотини милиони европејци. Станува збор за проширување на таканаречената Шенгенска зона за уште девет земји и сега во дваесет и четири членки на Европската унија ќе нема никаква контрола на нивните внатрешни граници. Можност за побрз развој, велат во Брисел. Скептиците додаваат, но и за зголемување на криминалот.

Границите се укинуваат од Естонија на исток до Франција на запад и во таа територија граѓаните ќе можат да патуваат без пасоши. Шенгенската зона се проширува со девет земји кои во две илјади и четвртата станаа членки на Европската Унија. Кипар побара едногодишно одлагање, додека Романија и Бугарија кои годинава влегоа во Унијата ќе мора уште да работат на исполнување на критериумите од Шенген. ,,Тоа е единствен историски успех. Тоа е знак дека поранешните поделби во Европа и границите меѓу земјите се надминати,, оценува претседателот на Евриопската Комисија Жозе Мануел Барозо. Во Брисел појаснуваат:

„Ова секако е нешто што многу ќе ја подобри слободата на движењето, ќе го зголеми туризмот и ќе ги интензивира секојдневните контакти меѓу граѓаните на земјите членки на Европската Унија.“

Изјави Фриско Абинг, портпарол на еврокомесарот за првада и безбедност Франко Фратини. Во земјите на осточна Европа, проширувањето на шенгенската зона го гледаат како на последна етапа од уривањето на Железната завеса од времето на Студенета војна. Овој чекор беше проследен со големи административни и технички подготовки, формирање заеднички информативен систем и на заеднички патроли меѓу соседните земји особено во обезбедувањето на надворешните граници на шенгенската зона.

„Ова беше внимателно планирано. Со години и години земјите членки инвестираа, со помош на европската Комисија, стотици милиони евра за да ги зцврстат безбедносните контроли на надворешните граници.“

Изјави директорот на Еуропол Макс Петер Ратзел. И додека хуманитарните организации оценуваат дека со тоа Европската унија се затвора со уште еден ѕид, жителите на пограничните делови на старите членки на Европската Унија, како Австрија и Германија, страхуваат од пораст на криминалот. Австријците веќе најавија дека ќе ги продолжат контролите на нивните граници, но со објаснување дека тоа е поради Европското првенство во фудбал догодина.

„Ние оценивме дека никогаш границите не ги стопираат криминалците. По паѓањето на Железната завеса тие успеваа да се движат од Исток кон Запад и обратно. Значи новата ситуација нема драматично да ја промени оваа слика во Европа.“

Вели Макс Петер Ратзел. Потсетуваме, Шенгенската зона е нарешена по селото Шенген во Луксембург каде што во илјада деветстотини осумдесет и петата година беше потпишана првата спогодба за укинување на граничните контроли меѓу Холандија, Белгија, Луксембург, Германија и Франција. Иако се членки на Европската Унија Британија и Ирска не се дел од таа зона.
XS
SM
MD
LG