Достапни линкови

logo-print

Поддршката на јавното мислење за влез во Алијансата ќе опаѓа, предвидуваат аналитичарите


Очекувано е поддршката на јавното мислење за влез во НАТО да опадне доколку продолжат предупредувањата од меѓународната заедница дека Македонија мора да најде компромисно решение околу спорот со името со Грција, оценува стручната јавност. Некои од граѓаните кои ги прашавме ги потврдуваат ваквите сомневања.

„Никако промена. Македонија 500 години под Турција остана, и ова ќе помине, треба да се цврсти нашите.“
„Името не би го менувала за ништо. Македонија си е Македонија, толку време сме биле.“


Опаѓањето на поддршката на јавното мислење пред евентуалните пристапни преговори за влез во евроатланските структури не е невообичаена појава и се среќава и во други земји, објаснува политикологот Ненад Марковиќ. Она што загрижува вели тој е како таквата појава ќе биде биде претставена во јавноста од страна на главните политички актери.

„Доколку се најде барем еден позначителен политички актер во рамките на власта или опозицијата кој ќе се обиде за дневно политички цели да искористи ваква енергија која потенцијално би се создала, тогаш влегуваме во еден многу лош период на затворен круг, кој би можел да доведе до лоши политички последици. Евентуалното играње на картата на евро или НАТО скептицизам е многу поопасна отколку овие притисоци кои сега се случуваат со името.“

И проф. Илија Ацески од Филозовскиот факултет во Скопје се согласува дека инсистирањето на компромис за името по цена членство на земјава во Алијансата, може само да предизвика разочарување кај македонските граѓани да бидеме дел од дел од вакви структури.

„Ќе почне еден процес на демистификација, дека самиот влез во НАТО веднаш ќе реши многу проблеми за Македонија, и тоа многу брзо.“

Неодамна шефот на македонската дипломатија потврди дека Алијансата има добра причина да се проширува со земји во кои е добредојдена, а една од нив е Македонија.

„Македонија е земја во која 90 насто од граѓаните го поддржуваат нашето зачленување во НАТО, што значи НАТО има добра причина да се проширува во земји во кои е добредојдена.“

Но, аналитичарите предупредуваат дека големата поддршка не значи дека граѓаните се доволно информирани за тоа кои ќе бидат последиците од евентуалното членство на земјава во НАТО и оти голем дел од популацијата нема основни информации за тоа кои ќе бидат нашите обврски како членка на Алијансата.
XS
SM
MD
LG