Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Затворена седница посветена на Косово во Советот за безбедност на ОН


Во Советот за безбедност на ОН денеска ќе биде одржана затворена седница посветена на Косово, на која ќе присуствува и генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун. Се очекува претставниците на 15-те земји членки да расправаат врз основа на извештајот на меѓународната посредничка „тројка“ на Контакт групата. Се очекува српскиот премиер Воислав Коштуница да побара од Советот продолжување на преговорите за идниот статус на Косово, а на седницата обраќање ќе има и Фатмир Сејдиу, но не во својство на косовски претседател, туку во свое име.
XS
SM
MD
LG