Достапни линкови

Решавање на проблемите со кои се соочува регионот на Централна Азија


Обединетите Нации отворија нов дипломатски центар за превенција во Туркменистан. Центарот, кој беше отворен во Ашгабат, има за цел решавање на регионалните проблеми и координација на напорите во борбата против трговијата со дрога и организираниот криминал во Централна Азија.

Централна Азија можеби има богата историја, нафта и гас, но исто така се соочува со безбедносни ризици. За да му се помогне на регионот со предизвиците со кои се соочува, Обединетите Нации отворија дипломатски центар за превенција во туркменистанскиот град Ашгабат. Центарот, како што соопштуваат од ОН ќе има за цел да им помага на владите на Туркменистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан во изградбата на капацитети за мирно решавање на проблемите во овој регион и за охрабрување на дијалогот. Лун Паское, потсекретар на Обединетите Нации за политички работи истакна дека отварањето на центарот е резултат на едногодишни разговори и ќе значи ,,ново поглавје,, за регионот:

„По едногодишни внимателни консултации и преговори задоволство ми е за постигнатата соработка. Ова е почеток на ново поглавје во партнерството меѓу Обединетите Нации и земјите од Централна Азија.“

истакна Паское. Последиците од граѓанската војна во Таџикистан од 1992 до 1997 година сеуште се чувствуваат. Терористички групи изввршија напади во Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. До неодамна, војната во Агванистан го отсече Кабул од централна Азија, а трговијата со хероин сеуште игра улога во економиите во регионот. Безбедносните и пограничните сили се соочуваат со битка што се зголемува и што станува се поскапа. Тука е и влијанието на зависноста од дрога на регионалното здравство. Соочувањето со овие проблеми, и избегнување на идни конфликти несомнено се задача за во иднина. Обединетите Нации не кријат дека се надеваат дека групите како Шангајската група за соработка кои ги спојуваат Казакстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Русија и Кина ќе помогнат за напредок во мисијата на центарот. Болат Нургалиев, генерален секретар на Шангасјката група за соработка изјавува:

„Ние сме обединети во борбата против тероризмот, сепаратизмот и екстремизмот, во борбата против нелегалната трговија со дрога и оружје и други нелегални активности, а исто така ќе ја прошириме регионалната соработка и на планот на политиката, трговијата и економијата, одбраната и други области.“

изјави Нургалиев.
XS
SM
MD
LG