Достапни линкови

Официјален став на владата или лично мислење?


Деновиве зачестија изјавите на високи српски владини и црковни претставници дека Србија ќе го брани Косово и со војна доколку е тоа неопходно. Ваквите воено поттикнувачки повици го отвора прашањето дали тоа е и официјален став на српската влада или станува збор за изразување на лично мислење.

Советникот на премиерот на Србија Александар Симиќ смета дека Србија треба да го брани Косово со сите средства со кои располага и оти војната е едно од нив.

„Војната е исто така правно средство кога не постојат други. Значи кога некој не го почитува Советот за безбедност кој единствено е должен да реагира кога некој се заканува со агресија и со војна, тогаш на државата не и останува ништо друго туку војна.“

Изјави советникот на српскиот премиер Александар Симиќ во една телевизиска емисија на прашањето што тоа и недостига на Србија кога секојдневно вели дека ќе се бори за Косово со сите правни и политички средства. Во емисијата во која гостувал и советникот на косовскиот премиер Азем Власи, Симиќ додал дека и покрај тоа што Србија сега е попретпазлива со оглед на негативните искуства од поранешните оружени судири во регионот, сепак не ја исклучува можноста своите интереси да ги брани и со војна. Демократската партија веднаш оцени дека ваквата изјава на советникот на Воислав Коштуница е опасно, но оти таа не го изразува и ставот на српската влада:

„Секако дека е недопуштено некој кој има официјална позиција, а позицијата советник на премиерот е многу висока, да си дозволи лични ставови наместо да излегува со усогласена владина политика. Не мислиме дак војната е правно и легитимно средство за решавање на проблемите.“

Вели портапролот на Демократската партија Јелена Марковиќ. Со неа се согласуваат и либерал демократите кои сметаат дека ваквите изјави и нанесуваат шетата на Србија:

„Токму таквиот вид насилство што во името на Коштуница го најавува неговиот советник Симиќ доведе до ситуација во која Србија всушност не се прашува за идниот статус на Косово, бидејќи самата веќе си се дисквалификува.“

Смета либерал демократот Никола Самарџиќ, додавајќи Коштуница ги користи своите соработници за да ја заплашува јавноста во Србија. На исто мислење е и социологот Загорка Голубовиќ, која во врска со ставот на Симиќ вели:

„Се плашам дека тоа не е негова глупост, туку дека низ него зборува неговиот шеф кој не сака да се експонира, а кој го мисли истото.“

Вели Голубовиќ која заклучува дека посебно застрашува фактот што советникот на премиерот на Србија не водел сметка дека на овие простори воената политика во текот на деведесетите години предизика трагедија со несогледливи последици.
XS
SM
MD
LG