Достапни линкови

logo-print

Брисел: Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе расправаат за косовскиот статус


По изборите на Косово, министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел ќе расправаат за продолжувањето на преговорите меѓу Белград и Приштина за решавање на косовскиот статус, што треба да продолжат утре во Брисел. На денешниот состанок пред министрите извештај ќе поднесе претставникот на ЕУ во преговарачката тројка Волфганг Ишингер. На изборите што во саботата се одржаа на Косово според податоците на Здружението на невладини организации "Демократија на дело", опозиционата Демократска партија на Косово na Хашим Тачи е на прво место со освоени 34 отсто гласови. Високиот претставник на Европската Унија Хавиер Солана ги поздрави изборите на Косово, кои како што оценува поминаа во мирна атмосфера и во согласност со меѓународните стандарди, но сепак Солана изразува загриженост за слабиот одзив на гласачите и неучеството на србите на изборите. И Соединетите Држави ги поздравија изборите кои поминаа во мирна атмосфера, но го критикуваа неучеството на српското население.
XS
SM
MD
LG