Достапни линкови

Приштина: Хашим Тачи прогласи победа на парламентарните избори


Претседателот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи прогласи победа на вчерашните парламентарни избори и соопшти дека тој ќе биде идниот премиер на сите граѓани на Косово. Според неофицијалните податоци партијата на Тачи освоила 35 насто од гласовите, на второ место е Демократскиот сојуз на Косово со 22 насто, по што следува Алијансата Ново Косово за која гласале 12 проценти од избирачите. Соединетите Држави го поздравија мирниот исход на изборите, но упатија критика за бојкотот на Србите на гласањето. Портпаролот на Стејт Департментот, Шон Мекормак изјави дека со таквата одлука, Косовските Срби можат само да бидат во загуба. Мисиите на ОБСЕ И УНМИК соопштија дека изборите минале во мирна и демократска атмосфера, без инциденти.
XS
SM
MD
LG