Достапни линкови

САД ја поздравија одлуката за предвремени избори и бараат укинување на вонредната состојба


Грузија за две недели требаше да ја прославува 4 годишнината од така-наречената Розова револуција, по која на власт дојде актуелниот претседател Михаел Саакашвили. Но, атмосферата е далеку од славеничка. По неколку-дневните протести на опозицијата за оставка на Саакашвили, кои насилно беа растурени, во Грузија е воведена вонредна состојба. Претседателот Саакашвили објави претседателски избори за јануари и истовремено референдум за тоа дали да се одржат предвремени парламентарни избори.

Грузискиот претседател Михаел Саакашвили, за чие владеење оценките се движат од демократско до апсолутно авторитарно, ги шокира неговите симпатизери со воведувањето вонредна состојба. Хуман Рајтс Воч остро ја осуди употребата на сила против демонстрантите во Тбилиси. Саакашвили сепак попушти под притисуокот на опозицијата, предлагајки претседателски избори во јануари. Американскиот Стејт Департмент го поздрави ваквиот потег.

„Соединетите ДРжави ја поздравуваат одлуката на грузиската влада за предверемени претседателски избори и за референдум за тајмингот на парламентарните избори. Во истовреме бараме од владата на Грузија да ја укине вонредната состојба и да ја дозволи работата на сите медиуми. Тоа се неопходни чекори за обновување на демократските услви за одржување избори.“

Како Саакашвили и Грузија ќе излезат од актуеланата криза, засега е неизвесно. Од многумина Саакашвили беше смета за еден од најуспешните пост-советски лидери. Грузија беше на про-западна и про-демократска линија. Светската Банка во 2006-та ја оцени Грузија како најреформска земја, а беше постигнат и значителен економски раст. Но, масовната подршка за Саакашвили, стана и негов најголем проблем, смета аналитичарот Роберт Парсон.

„Тој победи со масовно мнозинство, Не беше негова вина што опозицијата беше слаба и поделена. Но огромната подршка, стана и негов најголем проблем. Како што сите знаат, во демократско општество, е клучно да има баланс на моќта во структурите на демократијата. Во Грузија тоа не беше случај, владата можеше да прави што сака.“

Грузија беше и една од земјите кои се надеваа на членство во НАТО, но сега од Алијансата изразуваат загриженост дека Тбилиси не е на линијата со евро-атланските вредности. Слични тонови дојдоа и од Европската Унија. Претседателот Михаел Саакашвили и грузиката влада ја обвинија Русија за вмешаност во настаните во земјата. Тројца руски дипломати беа протерани, што предизвика и одговор од Москва со протерување на исто толку грузиски дипломати. Руското министерство за надворешни работи побара од Обединетите Нации, ОБСЕ и Советот на Европа да ги осудат насилствата во Грузија. Сепак, аналитичарот Евгениј Волк вели дека и улогата на Русија не е беззначајна.

„Русија долго време е заинтересирана за отстранување на Саакашвили како лидер кој не е пријателски кон Москва. Мислам дека Русија ја помагаше опозицијата, со различни методи, вклучувајки ги и тајните служби. Но, во прилог им одеше и нискиот животен стандард во Грузија и корупцијата во владините служби. “
XS
SM
MD
LG